Сапунџиство

За Сапунџиството

Откривањето на сапуните започнува со Галите кои правеле сапун од сало и сода направена од пепел, а потоа вештината била пренесена кај Римјаните (откритија во руините на Помпеја пронашле мини фабрика и остатоци од сапун кои датираат од 8-миот век.) Италија и Шпанија имале производство на сапуни веќе во 8-миот век, и Франција се приклучува во 13-тиот век со Марсеј како центар на индустријата, и ова е сеуште случај и ден денес. Правењето сапун е и уметност и наука. Сапуните се прават од масла и сода, тоа е рандеву меѓу двете, и е речиси волшебен процес за набљудување и изведување кога тие се соединуваат. Поради добрата соработка на овие две состојки, природните сапуни, едноставно речено, ја гушкаат и измиваат нечистотијата од кожата наместо да ја уништуваат абразивно, и на овој начин тие не ја оштетуваат ни кожата. Во суштина, тие се најелегантниот и најздравиот начин на миење, и во тоа е и луксузот.